
Еј што си видов моме убаво
едно лично младо
од бога створено
х 2
душава ми ја растрепери
срцево ќе ми го изгори
Реф:
Наде лична Наде
јаска ќе те земам
за невеста, леле
за невеста
Наде лична Наде
ќе ти викнам зурли тапани
и сите роднини
Наде лична Наде
ќе ти викнам зурли тапани
и сите сватови.
Ајде лично Наде
не срами се
под око погледни ме
и не плаши се
Јас ќе те земам за невеста
И ќе те чувам довека
Јас ќе те земам за невеста
И ќе те чувам до гроба
Реф:
